ООН: Над шест милиони лица ја напуштиле Украина од почетокот на руската инвазија

Во најновиот извештај на Меѓународната организација за миграција при ООН се вели дека, руската инвазија врз Украина што почна на 24 февруари, предизвика над осум милиони луѓе да се внатрешно раселени во земјата. А, бројот на лицата кои ја напуштија Украина е поголем од шест милиони, што е најтешката бегалска криза во Европа од крајот на Втората светска војна.

Податоците на ОН покажуваат дека до вчера – 6,3 милиони луѓе ја напуштиле Украина, а повеќето бегалци преминале во Европската Унија преку граничните премини во Полска, Словачка, Унгарија и Романија. Над 3,3 милиони лица, главно жени и деца, ја преминале границата со Полска. Полската влада проценува дека околу половина од нив би можеле да останат во земјата на долг рок, што е дополнителен предизвик за пазарот на не недвижности, образованието и здравствениот систем.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.