Опаѓање на утринските температури, дневните до 24 степени

Времето во Република Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Утринската температура ќе се движи од нула до седум, а дневната од 16 до 24 степени.
Во Скопје сончево со умерена облачност и со слаб ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе се искачи до 18 степени.
Промена на временската состојба со значително опаѓање на дневната температура ќе има од четврток до сабота кога ќе преовладува претежно облачно и постудено време со локални врнежи од дожд.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.