Опаѓаат случаите на коронавирус во Шведска

Додека во остатокот од Европа расте бројот на случаи на коронавирус, во Шведска продолжува опаѓачкиот тренд по оспоруваниот пристап за земјата во однос на пандемијата. Во Шведска, за разлика од речиси сите земји во Европа немаше драстички мерки за спречување на ширењето на болеста, како затворање на бизниси.

„Кривата се спушта, а кривите за тешко заболени почнаа да се спуштаат многу блиски до нула. Во целина, тоа е многу позитивно“, рече главниот шведски епидемиолог Андерс Тегнел.

Шведските власти одбија да ги применат строгите мерки на затворање кои во голема мера беа применувани во Европа. Беа забранети големи собири, но рестораните и училиштата за мали деца останаа отворени. Шведската влада повика да одржување физичка дистанца и граѓаните во голема мера го почитуваа тоа.

Шведска денеска пријави два нови смртни случаи од коронавирус, со што вкупниот број на починати достигна 5702.

Досега во земјата од 10 милиони има регистрирано скоро 80 илјади регистрирани случаи на коронавирус.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.