Опаѓа епидемијата на морбили

18

Епидемијата на морбили опаѓа, за една недела има само 11 заболени, информираат од Министерството за здравство. Вкупниот број на досеха вакцинирани лица на возраст до 14 години со МРП вакцина, од почетокот на епидемијата со морбили во целата држава, изнесува 32.653. Од нив, 16.082 деца се вакцинирани на територија на град Скопје, додека пак, 16.571 дете е вакцинирано во останатиот дел од државата.

-Во текот минатата недела, од шести до дванаести јули се пријавени вкупно 11 сомнителни случаи. Од нив, 10 случаи се класифицирани како мали сипаници, што покажува намалување од 30 проценти, во споредба со претходната недела. Од вкупниот број пријавени случаи, седум се од Скопје, а останатите тројца од Куманово-информираат од Министерството.

 

Анализите покажуваат дека во целата држава остануваат уште 10.203 невакцинирани деца на возраст до 14 години.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.