Опаѓа водостојот на реките

318

Водостојот на реките Сатеска, Црн Дрим и Брегалница бележи намалување, информираат од УХМР.

На хидролошките станици високи водостои се уште се бележат на реките Вардар кај Јегуновце, Демир Капија, Велес и Скопје, Треска кај Македонски Брод и Пчиња кај Катлановска Бања.

Врнежите и топењето на снегот придонесоа особени покачувања на водостоите во сливовите на реките Вардар (горен тек), Треска, Кичевска,  Сатеска.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.