Опасен инцидент во САД при тест на хиперсоничен проектил

Пробната хиперсонична ракета развивана по нарачка на Пентагон, била уништена во текот на пробниот лет откако за малку ќе влегла во режимот на слободен лет, пишува во вторникот интернет страницата на специјализираното списание Aviation Week.

Според извештајот, се претпоставува дека проектилот го дизајнирала корпорацијата „Lockheed Martin“ во рамките на програмата за развој на хиперсонично оружје, иницирана од Управата за перспективни научно-истражувачки проекти на американското министерство за (Defense Advanced Research Projects Agency – DARPA). Во написот се забележува дека во имплементацијата на програмата, во чиишто рамки хиперзвучните ракети ги разработуваат компаниите „Lockheed Martin“ и „Raytheon“, отстапуваат неколку месеци според првичните планови.

Според порталот, во текот на испитувањето на пробниот примерок на проектилот, тој се одвоил од бомбардерот од типот „B-52“, што не било предвидено. Бомбардерот бил дел од 419-та ексадрила за пробни летови стационирана во воздухопловната база „Едвардс“ во сојузната држава Калифорнија. Според сознанијата, одвојувањето на ракетата се сличило над копното, а според изворите на списаниeто тестот требало да биде изведен над Тихиот Океан.

Во написот на Aviation Week се наведува дека побарале коментар од претставници на DARPA во врска со наводниот инцидент, од каде им било одговорено дека сите поединости за ваквите тестови се калсифицирани. Сепак, изворите на списанието тврдат дека е отворен инцидент затоа што проектилот не се

Изминатата година администрацијата на претседателот Доналд Трамп повеќепати предупредуваше дека изминатите години САД заостанале зад Русија и Кина во развојот на хиперсоничното вооружување, а во декември минатата 2019 година министерот за одбрана Марк Еспер најави двојно зголемување на финансирањето за 2020 година на проектите за развој на хиперсонични проектили за копнена, воздупна и поморска употреба. Според американските медиуми, во моментов се спроведуваат девет вакви проекти за потребите на американската армија, а во текот на годинава треба да бидат изведени тестирања на четири прототипови на ваквите проектили.