OPEC и Русија го отфрлија барањето на Трамп за поголемо производство на нафта

Саудиска Арабија, која е челната држава во Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC), во неделата заедно со Русија, својот најголем сојузник меѓу произведувачите на нафата надвор од споменатиот картел, одби да го зголеми производството и покрај повикот на американскиот претседател Доналд Трамп кој со ваквата мерка сака да ги примири пазарите.

„Не влијаам врз цените“, порача саудискиот министер за енергетика, Калид ал-Фатих на маргините од собирот на министрите на членките на OPEC и другите произведувачи на нафта во Алжир. Нивната средба заврши без официјален предлог за зголемување на производството.

Цените на барелот сурова нафта овој месец достигна 80 долари, поради што американскиот претседател Доналд Трамп во четвртокот го повтори своето барање OPEC да ги намали цените. Растот на цените главно е поради падот на извозот од Иран, кој е член на OPEC, а што е резултат на новите американски санкции кон оваа земја откако САД истапија од меѓународниот нуклеарен договор со Техеран од 2015 година.

„Ги штитиме државите од Блискиот исток, не би биле сигурни подолг период без нас, но тие и натаму продолжуваат да ги креваат цените на нафтата! Ќе запаметиме! Монополот на OPEC мора да ги спушти цените на нафтата сега“, напиша Трамп на Twitter.

Ал-Фатих истакна дека Саудиска Арабија има капацитети да го зајакне прозиводството на нафта, но не го планира тоа, бидејќи овој момент тоа не е потребно.

„Моите сознанија се дека пазарите се адекватно снабдени. Не знам дека некоја рафинерија на светот сега бара нафта, но не може да ја добие“, додаде саудискиот министер.

Рускиот министер за енергетика, Александр Новак, исто така, истакна дека нема потреба од зголемување на производството на нафта во светот. Новак смета дека трговската војна меѓу Кина и САД, како и американските санкции против Иран, претставуваат нов предизвик за нафтениот пазар.

Аналитичарите сметаат дека евентуалното зголемување на цените на нафтата за американските потрошувачи би можело да создадат политички проблеми за владејачките републиканци од чиишто редови е и претседателот Трамп, во пресрет на изборите за Конгресот на половината од мандатот кои се одржуваат во ноември.

Земјите од OPEC работата на привлекување нови учесници во договорот за нивото на производството на нафтатам изјави претседателот на картелот, министерот за енергија на Обединетите Араспски Ермијат, Сухеил ал-Мазуи.

„Ние, исто така, гледаме да привлечеме повеќе учестнии во договорот на OPEC и државите кои се надвор од организацаијата, и нашите врати се секогаш отворени за оние производитело кои се подготвени да ни се придружат“, изјави ал-Мазруи на состанокот на министерскиот.

OPEC и редица земји кои се надвор од организацијата ткн OPEC+ се договорите кон крајот на 2016 година во Виена за намалување на нафта за 1,8 милиони барели дневно од нивото на октомври 2016 одина, од кои 300.000 отпаѓаат на Русија. Договорот започна да се псроведува од почетокот на 2017 година и беше продолжен до крајот на оваа 2018-та. Во јуни земјите од OPEC и групата земји надворо од организацијата кои договорија заедничка стратегија се согласија да се излезе од строгото спроведување на условите од законот, коишто тогаш изнесувша 47 отсто. Беше појаснето ека во пркатиката тоа би значело зголемува на производствоо за околу милион барели дневно.