Операцијата „Еклипса“: 1,6 тони запленети кај Валона

Околу 1,6 тони марихуана запленила албанската полиција вчера во акцијата со кодно име „Еклипса“ спроведена во регионот на Ходроворит.

Дрогата е пронајдена во комбе марка „мерцедес бенз“ пронајдено од полицијата напуштено во шума, соопштила албанската полиција која веќе уапси неколку лица кои се поврзуваат во трговија на дрога.

Покрај ова, полицијата запленила уште еден автомобил што пренесувал гориво и трактор со кој што требало да се пренесе брод на кој би била натоварена дрогата.

Водачот на криминалната група чија сопственоста била дрогата е уапсен, информира полицијата во Албанија.

„Танас Христо Голем, 50 години, жител на селото Ксихерина, Валона, а трагаме по уште неколку луѓе чии имиња во полза на истрагата се уште не ги откриваме“, се вели во соопштението од албанската полиција.

Се претпоставува дека дрогата требало да биде транспортирана во Италија. Ова е најголема количина на наркотици запленета од властите во Албанија.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.