Операторот со Северен тек 2 разгледува транспорт на водород преку гасоводот

© Фото : Nord Stream 2 / Axel Schmidt

Конзорциумот „Nord Stream 2“, операторот со гасоводот Северен тек 2, ја анализира техничката изводливостна транспорт на водородот преку овој гасовод, изјави поранечниот челник на австриската енергетска компанија OMV, Рајнер Зеле во интервју за руската новинска агенција ТАСС.

„Колку што сум запознаен, Nord Stream 2 спроведува такви студии“, вели Зеле одговарајќи на прашањето за техничката изводливост за снабдување со водород.

Водач на проектот Северен тек 2 беше руски „Газпром“, додека половината од средствата преку заеми ги осигуруваат австриската компанија OMV, фирмата ќерка на BASF – „Wintershall“, англиско-холандската компанија „Shell“, германската „Uniper“ и француската „Engie“.

„Тоа е технички извелдиво, но јасно е дека водородот и природниот гас имаат различни својства и различни ризики“, додава Зеле.

„Всушност, не е важно каков вид гас ќе испорачуваме преку гасоводот Северен тек 2. Важно е дека гасоводот е потрбен“, заклучува Австриецот.

Гасоводот Северен тек 2 се состои од двацевковода со вкупен капацитет од 55 милијарди кубни метри гас годишно, а се протега од бреговите на Русија преку Балтичкото Море до Германија. Работите на него беа привремено запрени во декември 2019 година поради американските санкции за изведувачите на градењето, но откако руската страна започна самата да ги довршува преостанатите неколку проценти, една година подоцна работите продолжија. Во јуни говинава беше објавено дека гасоводот е довршен.

САД и Германија во јули гоинава објавија договорза проектот Северен тек 2, според кој Вашингтон се обврза дека нема да воведува снакции за учесниците во проектот, а Берлин дека од Москва ќе бара продолжување на транзитот на рускиот гас преку Украина која стравува од загуба на повеќе милијарди евра со заобиколувањето.

Со споменатиот договор, Германија е обврзана и да формира голем фонд со кој ќе се финансира Украина, а САД го „задржуваат правото“ да „преземаат активности доколку руската страна ја употреби енергијата како геополитичко оружје во Европа и агресија врз Украина“.