Опериран Марадона

На светската фудбалска легенда Диего Марадона му била извршена операција. Поранешниот аргентински фудбалер се опоравува во болница во Буенос Аирес. Блиски до Марадона информираат дека операцијата била успешна. Станува збор за рутинска интервенција, како резултат на крварење во стомакот што лекарите го забележаа пред неколку дена.

58-годишниот тренер на Дорадос беше хоспитализиран на почетокот на месецов кога болеста му била дијагностицирана. Според пишувањата, интервенцијата не била комплицирана.

Хируршката интервенција на Диего Марадона е завршена. Слава на Бога, сè помина совршено, напиша на адвокатот на светскиот шампион Матијас Марола на твитер.

Со текот на годините, Диего Марадона честопати беше хоспитализиран како последица на неговиот боемски животен стил. За последен пат неговата здравствена состојба беше загрозена за време на Светското првенство во Русија во 2018 година, на натпреварот Аргентина-Нигерија.