Опожарена куќа во Берово

На 22.05.2022 во 13:04 часот во ОВР – Берово, било пријавено дека настанал пожар на улица „23-ти август“, во куќа сопственост на Ј.Ѓ. (63) од Берово.

Од пожарот целосно е опожарена помошна просторија и покривна конструкција, а оштетени се прозори од куќа сопственост на З.Р. (65) и Д.Р. (72), двајцата од Берово.

Противпожарна бригада – Берово целосно го изгаснала пожарот.

Повредени лица нема.

Увид на местото е извршен од екипа од ОВР – Берово.