Опожарена куќа во Куманово

Кровната конструкција на куќа во Куманово вчера изгорела во пожар што околу пладне избувнал во Куманово.

Како што информираат од Центарот за управување со кризи, две противпожарни возила и шестмина пожарникари го гаснеле огнот, кој избувнал околу 12:40 часот.

Пожарот бил изгаснат околу 14:25 часот, а причината како и висината на материјалната штета допрва ќе се утврдуваат.