Опожарена куќа во село Таринци

Во кабинското село Таринци попладнево пожар ќе пеплосаше куќа, но брзата интервенција на штипските пожарникари спречи поголема трагедија за семејството.

Командирот на ТППЕ Штип, Дарко Коцев вели дека изгорена е кровната конструкција и три соби во куќата. Пожарот го гаснеле два часа, а бил пријавен околу 14 часот.

На терен излегле шест пожарникари со две возила. Во куќата немало никој, домаќините биле излезени.

Полицијата треба да утврди која е причината за пожарот, а локалните ќители претпоставуваат дека станува збор за стара електрична инсталација.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.