Опожарени два стана во Куманово

На 05.08.2022 во 16:45 часот во СВР Куманово било пријавено дека настанал пожар  во стан на ул.„Иво Лола Рибар“ во Куманово, сопственост на Т.А.(71) од Куманово.

Пожарот, од кој бил оштетен и станот на М.Ј.(36) од Куманово, бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Куманово.

Повредени лица нема, а увид извршила екипа од СВР Куманово.