Опожарено „ауди“ во Скопје

Рано утринава во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг на ул.„Ресенска“ настанал пожар во паркирано патничко моторно возило „ауди А8“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на С.Р.(35) од Скопје.

-Во пожарот целосно бил опожарен предниот дел на возилото, а пожарот бил изгаснат од противпожарната единица од Скопје, информираат од МВР.

Увид ќе се врши во текот на денот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.