Опожареното „ауди“ што го возел Груби се поврзува со фирма за осветлување, која купи хотел на Шапка?!

Кој е сопственикот на опожареното „ауди“ што се поврзува со првиот вицепремиер Артан Груби – ова прашање се наметна откако медиумите објавија дека било запалено возило на Груби, што го потврдија и неговите сопартијци, но подоцна Министерството за внатрешни работи информираше дека посоченото возило е во сопственост на друго лице.

„Во СВР Скопје било пријавено дека околу 03.30 часот на ул.„Струмичка” настанал пожар во патничко возило „ауди” со скопски регистарски ознаки, сопственост и паркирано од Б.Л.(35) од Скопје. Пожарот бил изгаснат, повредени лица нема, а увид извршила увидна екипа на СВР Скопје“, информираа од МВР.

Повикувајќи се на неофицијални информации, дел од медиумите објавија дека се работи за лице Бекир Лимани. Но, според информации на „Фокус“ од повеќе добро упатени извори, станува збор за лицето Беким Лимани, кој го паркирал возилото и бил заведен според возачка дозвола, додека возилото е во сопственост на правен субјект. Станува збор за еден од сопствениците на компанијата „Еуро Ком Лигхтинг“, за која пишуваше „Фокус“ кога го купи хотелот на Попова Шапка од компанијата „Гранит“.

Целиот текст прочитајте го ТУКА