Опожари рид и си се пофали на „Тик-Ток“- Што сѐ трпи земјава… (ВИДЕО)

На популарната социјална мрежа Тик-Ток, објавени се видеа во кои извесен профил „djeloking 2020“ ги промовира своите пиромански вештини. Тој од „забава“, на некој рид запали намерно грмушка и предизвикува потоа голем пожар.

Што треба да биде мотивот за некој да стори вакво нешто, па и да се фали со тоа јавно на социјални мрежи, нормален човек веројано не би можел да сфати.

На ред е итна реакција на полицијата, бидејќи на тацна им се доказите, а заради општата јавна безбедност, ова лице што е можно побрзо треба да биде казнето и сопрено во понатамошни реализации на уште некои „брилијантни“ идеи за негова самопромоција.