Опозицијата ќе ја поддржи власта за петтиот пакет економски мерки

Тимчо Муцунски, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, во изјава за медиумите со министерот за економија Крешник Бектеши најави дека опозицијата во Собранието ќе ги поддржи законите од петтиот пакет на економски мерки за помош на граѓаните и компаниите во справувањето со корона-кризата.

Муцински сепак повика владеачкото мнозинство да иницира побрзо ставање на овие закони на дневен ред во Собранието, бидејќи се закажани дури за 23 март на пленарна седница.

– Ние ќе ги поддржиме овие закони дури и во ваква форма каква што се. Многу повеќе треба да се издвојува за компаниите. Ненавремената реакција ќе има далекусежни реперкусии за економијата. Ние како опозиција постојано ја поддржуваме економијата, а а бидејќи во овие закони има помош за граѓаните, го повикуваме мнозинството побрзо да се достават на дневен ред. Седницата е тек следната недела, а загрижува таа неагилност, рече Муцунски.

Опозицијата деновиве е актуелна со блокирањето на Собранието со еден куп на амандмани, а Бектеши ја повика опозицијата да ги поддржат и другите закони од четвртиот пакет на економски мерки

– Го слушнавте претставникот на опозицијата, ги повикувам да ги поддржат овие законски решенија или да дадат алтернативни предлози, но да не ги блокираат., Помошта ќе биде таргетирана и да биде насочена каде што треба. Ќе се исплаќаат и плати и ќе се зголеми ликвидноста. Четвртиот пакет мерки ги даде своите резултати, но од тој има уште недонесени мерки – докапитализација на Развојна банка и гаранцијата за извозноориентирани компании, наведе министерот.

Бектеши и Муцунски присуствуваа заедно на конференцијата „Нееднаквост во време на Корона“.