Опозицијата својата поддршка за ребалансот на буџетот ја условува со прифаќањето на амандманите

Вечерва во тема на денот на Сител Телевизија гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски кој што изјави дека во однос на новите предлог мерки, односно тие предлог законски решенија кога ќе дојдат пред пратениците тие сериозно ќе ги анализираат, ќе се консултираат со сериозни врвни експерти од областа на медицината во пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и ќе направат се што е најдобро и во интерес на граѓаните а со цел соочување со проблем и коорна вирусот.

-Би нотирал дека голем дел од меркитe кои што се носеа во периодот кога постоерше вонредна состојба исто така се носеа преку уредби со законска сила што значи дека владата во тој момент ги користеше надлежностите кои што произлегуваа од вонредната состојба да носи ѕредби со законска сила сега бидејќи вече немаме вонредна состојба тие надлежности тие надлежности се враќаат таму каде што припаѓаат во Собранието. Сметам дека ние треба да направиме се да се почитуваат и да се воспостават сите соодветни мерки кои што ќе ги препорачаат релевантните здравствени власти. Кога ќе дојдат тие предлог законски решенија пред нас како пратеници ние сериозно ќе ги анализираме ќе се консултираме имаме сериозни врвни експерти од областа на медицината во нашата пратеничка група и верувам дека ќе направиме се што е најдобро и во интерес на нашите граѓани а со цел соочување со овој проблем, нагласи Муцунски

Муцунски додаде дека тој има сериозна загриженост околу начинот на кој што полицијата би ги спроведувала новите мерки.

-Јас имам сериозна загриженост околу начинот на кои што полицијата би ги спроведувала овие мерки и таа дебата беше доста застапена во јавноста, став даде и нашата политичка партија, повторно ќе кажам во врска со тоа прашање јас имам сериозни резерви како истото би можело да се применува а да биде истовремено во рамките на тоа што го определува нашиот устав‘‘ изјави Муцунски

Тој истакна дека од особена важност во овој момент е политичкиот дијалог помеѓу политичките субјекти во собранието со цел да се прифатат најдобрите законски решенија за да се заштитат граѓаните во време на пандемија.

-Потребен е дијалог помеѓу политичките субјекти верувам дека со дијалог со трезвен начин на размислување можеме да дојдеме до решение, кој што ќе овозможи и ефикасен законодавен дом и истовремено почитување на сите мерки. Одговорноста за отварање на таа врата на дијалог во овој момент лежи кај владата, односно кај парламентарното мнозинство, рече Муцунски.

Во однос на новиот ребаланс на буџетот Муцунски истакна дека опозицијата има поднесено околу 170 амандмани кои што се поврзани и со предлог амандмани за повеќе средства за инфективните одделенија ширум Македонија и инфективното одделение во Скопје, како амандамни поврзани со намалување на загаденоста на воздухот.

-Утре ја почнуваме комисиската расправа за ребалансот на буџетот, ќе кажам дека опозицијата има поднесено околу 170 амандмани кои што се поврзани меѓу другото и предлог амандмани за повеќе средства за инфективните одделенија ширум Македонија и инфективното одделение во Скопје, и проекти за намалување на загаденоста така да продолжува тој дијалог во собранието ние активно учествуваме во подобрување на тој ребаланс на буџетот, од страна на владата ќе видиме колкав е капацитетот за диајлог во интерес на граѓаните а од гледна точка на парламентарна процедура уште утре ќе видите дека тековно функционира собранието, рече Муцунски.

Муцунски додаде дека опозицијата својата поддршка за предлог законот ја условува со прифаќањето односно неприфаќањето на амандманите.

-Предлог законот за измени и дополнување на законот за буџет односно таканаречениот ребаланс на буџетот се обезбедува со такво мнозинство кое што е потребно. Значи опозицијата својата поддршка да ја условува со прифаќањето односно неприфаќањето на амандманите, кажа Муцунски

Во однос на надворешната политика и случувањата околу Бугарија, Муцунски истакна дека сака да верува дека Македонија во рамките на Германското претседателство до крајот на годината ќе биде дел од меѓувладина конференција кој што ќе означи почеток на преговорите.

-Јас искрено мислам дека се работи за политичко прашање, мое и субјетивно гледиште е дека историјата треба да ја оставиме на тие кои што се најсртручни, врвни универзитетски професори кои што се занимаваат со таа проблематика, а обврска на политичките чинители е да гледаат кон иднината.Во таа насока ја следам таа реторика кој што се појавува би рекол и на билатерално ниво и на внатрешно политички јас искрено сакам да верувам дека Македонија во рамките на Германското претседателство до крајот на годината ќе биде дел од меѓувладина конференција кој што ќе означи почеток на преговорите, и доколку Бугарија го овозможи тоа ќе покаже дека е кредибилен и сериозен партнер на нашата земја во Евроатланските интеграции не само декларативно туку и на дело, заклучи Муцунски.