Опозицијата во Собранието истакна транспарент со кој го прашува Јовески до кога ќе го крие писмото на Јанева

Во текот на Комисиската разправа за законот за Јавно обвинителство откако на говорницата настапи државниот јавнен обвинител Љубомир Јовески, опозициската ВМРО-ДПМНЕ со транспарент протестираше на неговиот говор, кој се однесуваше на писмото кое го испрати Катица Јанева до Јовески со кое даде незаконска наредба за предавање на предметите од СЈО.

Да не заборавиме дека Јовевски важи за исклучително близок до власта на СДСМ. Како доказ за неговата блискост со актуелната власт многумина ја посочуваат средбата меѓу Филип Медарски, адвокатот на премиерот Зоран Заев и државниот јавен обвинител Љубомир Јовески на бензинска пумпа во скопски Карпош на која според нашите ингормации на Јовевски му биле дадени насоки од Заев како да постапува откако ќе ги добие сите предмети од СЈО . Според нив станува збор за шест главни задачи кои Јовески мора да ги реализира со цел Заев да се врати „во форма“ на политичката сцена.

За возврат, Јовески од Владата и од Заев би добил: зголемен буџет, нови обвинители и истражители, медиумска поткрепа за сите дејствија.

Токму две од трите точки Јовевски ги добива со новиот закон за Јавно обинителство кој денес го бранеше во Собранието.