Опозицијата на чело со Шекеринска и Заев сака да директорува, а не да донесе реформи во медиумите

Ако прашате професионалци ќе Ви одговорат: Владините реклами да се прекинат, но и на општините и на сите останати државни институции, за веднаш сите учесници во бизнисот да се растрчаат по парите, кои се кријат од фирмите, и веднаш да се превземат мерки за сузбивање на нелојалната конкуренција.

Јас би зборел за бизнис, а не слушнав од СДСМ дека говорат за бизнис. Они говорат за директорски места и за затворање на медиуми. Нивниот лидер се изјасни вака: Најголем непријател на СДСМ се Сител, Канал 5, МТВ, Алфа и Дневник. Само да му порачам дека прва лекција во политиката е не се карај со медиуми.

* Велите Директорски места?

Пред да се изјаснам, како поранешен претседател на АПЕММ секогаш ќе ви кажам дека при преговори мора точно да знаете што мисли спротиставената страна. Во овој случај од страната на владеачката партија ги имате Илија Димовски и Антонио Милошоски. Тоа значи кога од позиција на СДСМ барате три директорски места и тоа во МИА, МРТВ и Агенција за аудио и аудиовизуелни услуги, треба да разберете дека спротиставената страна го има следниов залучок: Значи сакаат влијание и пари, односно моќ.

Во случај еве да им го дадат МРТВ, прво ќе му завршат услуга на Марјан Цветковски. Станува херој во ВМРО-ДПМНЕ и нема суд кој нема да пресуди во негова корист за парично обештетување бидејќи е избран на регуларен законски конкурс. Второ не родила мајка во Република Македонија таков директор од СДСМ, кој за 15 дена ќе се снајде во МРТВ и кој има подготвено финансиски и програмски развоен план.

Еве да и’ објасниме на заменик претседателот на СДСМ што е реформа во МРТВ. Таа треба да го знае следново, односно дека прво се преземаат чекори во согласност со потребите на публиката, финансиската исплатливост, пазарната логика и техничките можности. МТВ 1 останува на македонски јазик. МТВ 2 на албански јазик. МТВ 3 на јазиците на другите народи, кои живеат во Македонија. Овие канали мора да бидат со ограничено време за реклама, но да важат истите правила на понуда како кај приватните медиуми. Потоа брз развој на интернет страницата, како и на каналот за дијаспората. Основање на форматирани канали, без право на реклама. Во првите три месеци, музички, документарно-образовен и филмски канал. По 24 април, спортски канал и до крајот на август, годинава, информативен канал со интегрирана редакција.

Сега сигурно некој ќе каже дека тоа е скапо, или пак дека можеби нема доволно кадар. Но, тоа не е точно оти МРТВ има 570 вработени и предлог за добивање на 0,75 отсто од Буџетот на Македонија.

И на крај, основање на Центар за обуки и на Научно-истражувачки центар при МРТВ.

Затоа единствено логичко решение до 24 април е да СДСМ ги бара и добие следниве места: Уредник на внатрешно политичка редакција во МИА, затоа што голем дел од медиумите се информираат од нејзе. Уредник на информативна редакција во МРТВ и помошник извршен директор за финансии и програма во МРТВ, и да видиме какви проекти ќе понудат, а што се за општо добро, и на крајот директор во АВМУ. Зошто? За да се уверат дека при мониторинг на медиумите за време на изборите ќе имаат слични резултати и ќе донесат скоро слични казни. Само да ги потсетам дека поголемиот дел од вработените на ова регулаторно тело се од самото основање и поминале многу избори и многу претседатели и директори.

* Каков е вашиот став за Питер Ван Хауте?

Прво го разбирам во каква ситуација е. Верувајте не му е лесно, а во исто време покажува сериозно незнаење за вистинските состојби на медиумите во последните 15 години, и со тоа неговата улога на олеснувач во рефоррми за медиумите е сериозно дискутабилна. Но, за тоа сами сме си криви. Затоа ако сака да слушне вистински бизнис реформски медиумски предлог за да му се разјаснат нештата би му препорачал да најде време за неформален разговор со следнава лига на неверојатни медиумски џентлмени (однапред им се извинувам на сите што ги споемнувам): Зоран Петров, Иван Мирчевски, Серјожа Неделковски, Јован Најденовски, Ратко Лазаревски, Столе Наумов, Ванчо Костурски, Меваип Абдиу, Авдула Меметаи и Газменд Ајдини. Сите се, или исполнувале високи функции во радио станици, ТВ станици, новински агенциии, печатени медиуми, меѓународни медиумски организациии, регулаторни тела, домашни реномирани медиумски организации и стопанска комора за радиодифузија или, пак, информатичко општество. А, за свиркачите од пред Клубот на пратеници само можам да му кажам дека во медиумскиот бизнис свет тие се трета лига. Мислам дека сум јасен.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.