Опрема за автоматска дезинфекција на возила изработуваат професори од „Наце Буѓони“

162

Професори од средното техничко училиште „Наце Буѓони” во Куманово со поддршка на Општината изработуваат опрема за автоматски пунктови за дезинфекција, објави кумановскиот градоначалник.

Опремата ќе биде поставена на дванаесетте  влеза и излеза во Куманово. Уредите ќе овозможат автоматска дезинфекција на автомобилите кои влегуваат и излегуваат од градот.

– По иницијатива на градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски, ние како ОСТУ „Наце Буѓони“ се вклучивме во изработка на апаратура за автоматска дезинфекција на автомобилите коишто влегуваат на територијата на општина Куманово. Во изработката се вклучени Александер Цветков, Србољуб Личиќ и Новица Ѓорѓевски, дипломирани електоинженери, и  Бобан Мaксимовски и Ненад Петковски, дипломирани машински инженери, професори во училиштето.  Слична апаратура има и во општина Кавадарци со која разменивме мислење и искуство, изјави Драган Јаневски, директор на училиштето „Наце Буѓони“.

Општина Куманово обезбедува поголем процент од потребната опрема, а дел обезбедува и училиштето.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.