Општата болница Велес нема исправни возила на располагање, вели Здравковски

Во Општата болница Велес немале возила на располагање поради тоа што не се регистрирани или не се во возна состојба, вели во својата фејсбук објава пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Здравковски.

„Е па ќе немаат сироти, кога наместо да ги одржуваат возилата тие парите ги трошат на милионски паушали за адвокатски услуги.

Поголем проблем е што ги користат возилата на итната медицинска помош кои освен Велес треба да ги покриваат и околните општини, но не можат да покријат секаде поради барањата на болницата“, наведува пратеникот во објавата.

„Пепел направивте сѐ што допревте од неспособност и алчност. На душа ги носите сите до еден! Затоа првин ќе ве омаловажиме на избори, а после има да си лежите!“, порачува Здравковски.