7.8 C
Skopje
вторник, декември 6, 2022

Општина Аеродром ќе издаде зелена општинска обврзница, ВМРО-ДПМНЕ продолжува да иновира и да поставува нови стандарди

Општина Аеродром ќе издаде зелена општинска обврзница, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својата официјална Фејсбук страница.

– Пари за нови проекти. Нови училишта, нови градинки, енергетски ефикасни. ВМРО-ДПМНЕ продолжува да иновира и да поставува нови стандарди. За прв пат во Македонија зелена, еколошка обврзница. Браво за Тимчо Муцунски и тимот од општина Аеродром. Има надеж, потребна е промена за Македонија да почне да победува, додава тој во својата објава.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.