Општина Аеродром ќе издвои над еден милион денари за ЈП „Лајка“

Градоначалникот на општина Аеродром преку Фејсбук статус информираше дека е зголемен буџетот за ЈП „Лајка“ со цел поефикасно решение со уличните кучиња.

– Свесни сме дека една од областите на која треба да обрнеме најмногу внимание се уличните кучиња. Токму затоа, во рамки на договорот за соработка со ЈП „Лајка“, општината ќе издвои над еден милиони денари за ефикасно решавање на овој проблем. Преку оваа соработка со јавното претпријатие ќе ја подигнеме на безбедноста на граѓаните, но и ќе воспоставиме долгорочен и ефикасен систем за хуман третман на бездомните животни, појасни Муцунски.

Тој вели дека оваа одлука доаѓа по забелешките кои пристигнуваат до општината и фактот дека неопходно е што побрзо решавање на овој проблем.

– Во претходниот период пристигнаа многу пријави за истоварање на голем број кучиња скитници во нашата општина од товарни возила со регистарски таблички од други градови, со што проблемот во Аеродром се зголеми. Ги сакаме животните, ја поддржуваме мисијата на Лајка за нивна заштита и преку искрен пристап и цврста соработка ги решаваме проблемите на жителите на општина Аеродром. Започнуваме со конкретни активности водејќи се по примерот на западните европски држави кои веќе успешно се справиле со овој проблем. Безбедноста на аеродромци секогаш на прво место, додава градоначалникот во својата објава.