Општина Аеродром пренамени маркица од згради во паркови

Градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски, се пофали дека Аеродром  е првата општина што пренаменува маркица од згради во паркови.

„Денеска на моја иницијатива до Советот на Општина Аеродром беше поднесено барање за започнување на постапка за бришење на две градежни маркици во Реонски центар, каде беше предвидено да се гради општинска зграда и станбена зграда“, истакнува Муцунски во објавта на Фејсбук и додава:

„Среќен сум што Советот ја изгласа оваа иницијатива и дека конечно ќе се слуша гласот на граѓаните.

На ова место во нашата програма предвидовме да има парк од 5000м2 со монтесори содржини“.

Муцунски вели дека промените на владеење во Општина Аеродром се случуваат и дека одговорното работење е нивни приоритет.