Општина Гази Баба доделува стипендии на талентирани ученици и ученици спортисти

Општина Гази Баба распиша Конкурс за доделување на стипендии на талентирани ученици и ученици спортисти од територија на општина Гази Баба.

За конкурсот градоначалникот Бобан Стефковски утрово информираше на својата официјална страна на Фејсбук на која напиша:

– Општина Гази Баба распиша Конкурс за доделување на стипендии на талентирани ученици и ученици спортисти.
Целта на стипендиите е финансиска поддршка на талентираните ученици и учениците спортисти од територија на општина Гази Баба.
Како градоначалник, изминатиот период имав можност да сретнам повеќе талентирани ученици и ученици спортисти кои бележат бројни успеси, што за мене беше показател дека општината треба да превземе чекор на стипедирање на овие ученици. Ги повикувам сите оние кои ги исполнуваат условите да аплицираат. Линк до конкурсот: http://www.gazibaba.gov.mk/…/konkurs-za-dodeluva-e…, напиша Стефковски.