Општина Гевгелија забрани собирања по парковите во ноќните часови

Согласно најновите владини заклучоци за спречување и заштита од ширење на Ковид-19,Општина Гевгелија забрани пристап на лица и возила по паркови и јавни површини во ноќните часови.

Поточно, секој ден во времето од 18 часот до 6 часот наутро,се забрануваат собирања во рекреативниот центар ,,Динќут,, на излетиштето Вардарски рид и по сите паркови и јавни површини.

Заради примена на мерката, ОВР Гевгелија со патролни возила ќе ги контролира влезовите на овие локалитети како и на парковите каде се забранува собирање на група поголема од пет лица.

Сите маркети, аптеки, банки и објекти во градот кои даваат поштенски услуги задолжително треба да обезбедат редарска служба која ќе го контролира влезот во нив и ќе обезбеди растојание од два метра меѓу луѓето надвор и во објектите.

Доколку не се почитуваат насоките, Општина Гевгелија најави преземање соодветни законски мерки.