Општина Карпош ја префрла вината на граѓаните и вели дека е нападнат службеник

Општина Карпош во соопштението во врска со тепачката при презентацијата на ДУП-от за Трндол во вели дека група на граѓани, на насилен и вандалски начин оневозможија одржување на Јавна презентација за Предлог ДУП – от ЈО3 Блок 7, за делот околу Трнодол.

Нападнат е службеник на Општина Карпош, а направена е и материјална штета во просториите на УЗ „Кузман Јосифовски Питу“.

Група на граѓани, уште на самиот почеток свесно и со намера сакаа да предизвикаат инцидент.

Општина Карпош целиот процес го води транспарентно. Токму затоа, го продолжи временскиот рок  на спроведување на Јавната анкета која ќе трае 11 дена, и покрај тоа што законскиот минимум е пет дена. Во интерес на граѓаните, локалната самоуправа наместо до 15:30, го стави на увид новиот предлог ДУП, секој работен ден од 08:00 до 18:00 часот, каде карпошани преку пополнување на анкетни листови можат да ги дадат и своите сугестии.

Во изминатиот период, службите и градоначалникот Стефан Богоев одржаа средба со засегнатите граѓани, на која се постигна согласност за сите суштински работи. Исто така, постојано се информираа и медиумите за овој Предлог ДУП, а се одржа и брифинг со новинари.

Очигледна е намера на одредена група граѓани, од политички или други побуди да прави кризни ситуации во Трнодол, се наведува во соопштението од општина Карпош. .