Општина Карпош го наградува училишниот успех

Секое основно училиштево општина Карпош има свој првенец на генерација. Така, денешната посета на првенците на генерација, во кабинетот на градоначалникот Стевчо Јакимовски, го израдуваа и докажаа дека секоја година е сè поголем бројот на ученици со високи оценки.

Петките за нив, овие девет години, беа најголем приоритет во понатамошното развивање од едукативен карактер, како и одлука за вистинска професија. Десетте основци, претставник-првенец од секое училиште на територија на општина Карпош, во текот на учебната година домашните полици ги исполнуваа и со пехари и признанија од државни и меѓународни првенства по математика, германски јазик, физика, но овие важни награди им се само почеток за идните освојувачки врвови од образовен карактер.

DSC_4355 prvenci

По средбата, градоначалникот Јакимовски им посака да бидат дел од историјата и на средните училишта, како што се и дел од историјата од основните училишта во кои завршуваат. Тој им посочи да не се откажуваат од образованието затоа што има кој да го вреднува нивниот успех. По тој повод, градоначалникот ги подели ваучерите и пофалниците на првенците на генерација со цел нивниот успех да продолжи и во иднина.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.