Општина Кисела Вода доби нови општински симболи

Општина Кисела Вода доби нови општински симболи

​За својот 60 – ти роденден, општина Кисела Вода доби нови општински симболи. Во рамки на празничните случувања во текот на вчерашниот ден, нив ги промовираа градоначалникот Билјана Беличанец-Алексиќ и Претседателот на Советот Трајче Донев.

Новоизбраните идејни решенија за грб и знаме на општина кои ги изгласа Советот на општина Кисела Вода, претходно беа избрани на јавен конкурс од страна на жири комисија во која беше вклучен и претставник од здружението на хералдичари. Истите, покрај тоа што во себе ја интегрираат и денешницата- географските, стопанските, природните карактеристика на општина Кисела Вода во денешните граници, во себе ја содржат и нејзината историја. Минималистички се дизајнирани со комбинација на на едноставни елементи кои ја симболизираат општината и нејзината територија – штит, црква, сонце, планина, небо и вода, изведени на начин кој овозможува лесна и едниставна апликација на секаков медиум. Доминатната боја е црвената, содржана во скоро сите елементи од македонското културно наследство во комбинација со бела боја која дава силен контраст и испраќа визуелна порака за чисти, модерни и јасно дефинирани форми кои ја потврдуваат основната идеја- графичко и визуелно дефинирање симболи на цврст, јасно дефниран субјект.

Новиот грб на општина Кисела вода
Новиот грб на општина Кисела вода

Во текот на вчерашната свечена седница на Советот, одржана по повод 60-годишниот јубилеј, на креаторот на идејното решение – Ласко Џуровски, му беше врачена благодарница, но и паричната награда предвидена од страна на Советот на Кисела Вода, која изнесува вкупно 50.000,00 денари, односно поединечно за секој симбол по 25.000,00 денари.