Општина Охрид: СДСМ си поигрува со помнењето на граѓаните

Од општина Охрид најостро ги демантираа тврдењата изнесени во денешното соопштение на ОО СДСМ Охрид за паркинзите во градот.

Во продолжение следува интегрален текст од соопштението на општина Охрид:

„Најостро ги демантираме сите неточни, невистините и небулозни тврдења изнесени во денешното соопштение на ОО СДСМ Охрид. Денешното соопштение не може да се протолкува никако поинаку освен како уште еден обид како за поигрување со интелегенцијата и помнењето на охриѓани.

Како ниедна друга локална власт до сега многу транспаретно на вчерашната седница на Советот на општина Охрид во присуство на медиумите од страна на изработувачот на физибилити студијата во детали беа презентирани сите точки наведени во физибилити студијата. Не треба човек да биде економист за да се јасни работите. За концесија на паркизите се зборуваше во времето кога со Охрид владееше СДСМ и за среќа на охриѓани, за сите нас тоа е минато свршено време. На вчерашната седница Советот на општина Охрид донесе одлука и даде согласност ЈП Билјанини извори да започне постапка за воспоставување на јавно приватно партнерство за имплементација на електронски систем за организирање и наплата за паркирање на јавни паркинг простори. Ќе се согласиме сите дека, ниту овие две работи немаат немаат допирни точки.

Во интерес на јавноста треба да ги споменеме и приликите во кои работи јавното претпријатие Билјанини извори, кои се плод на недомаќинското работење на нивните кадри кои го водеа ова јавно претпријатие. ЈП Билјанини извори должи нешто повеќе од 21.000.000,00 денари по разни основи а вработените земаат плата со задоцнување од пет месеци. Претпријатието остварува приходи околу 1.000.000,00 денари месечно вклучително и парите кои ги добива од општина Охрид по заклучници за тренинзи и натпревари на локалните спортски екипи. Платата на претпријатието изнесува околу 1.500.000 денари, плус режиските трошоци. Вкупната месечната загуба на претријатието е поголема од 600.000,00 денари. Има 70 вработени од кои поголемиот дел без стручни квалификации за потребите кои ги има јавнотот претпријатие.

Согласно физибилити студијата понудени се три начини да се реши проблемот со наплата на паркинзите. Прво : физибилити студијата нуди можност да се размисли за обезбедување на хипотекарен кредит од комерцијална банка со каматна стапка не пониска од 8 %. Впрочем оваа беше и една од главните идеи на опозицијата за решавање на ова прашање. Фактите зборуваат друго: Јавното претпријатие со овој степен на кредитна изложеност (претпријатието е кредитно неспособно со оглед на долговите кои ги има) не може ни да помисли да добие, кредит затоа што ниту еден кредитор не е подготвен да одобри кредит на претпријатие кое што има стари долгови а секојдневно остварува загуби во работењето. Дополнително како локална самоуправа не сме подготвени јавните добра и инфраструктурни објекти во Охрид како што е спортската сала да ги ставаме под хипотека и да има голем ризик истите засегогаш да ги изгубиме. И тоа е познато за СДСМ затоа што само личниот ангажман на градоначалникот Бакрачески спаси атрактивни простории сопственост на друго јавно претпријатие да бидат одземени од страна на домашна банка како резултат на реализација на хипотекарно побарување. Тоа не сме подготвени да го дозволиме. Другиот начин на реализација на наплатата е да не се преземе ништо и да се работи како досега што исто така покажува непродуктивност, а големо влијание има човечкиот фактор што секако прави финансиски штети за претпријатието и остава лош впечаток на охриѓани и гостите кои доаѓаат во Охрид. И третиот за нас, а и согласно препроаките на физибилити студијата најприфатлив начин е : воспоставување на јавно приватно партнерство за имплементација на електронски систем за организирање и наплата за паркирање на јавни паркинг простори. Што ова практично ќе значи?

ЈП Билјанини извори на тендер ќе избере приватен партнер кој во име и за сметка на јавното претпријатие ќе воспостави електонски систем за наплата. Комплетната опрема ќе биде набавена и инсталирана од приватниот партнер и комплетното нејзино оддрржување и сервисирање во текот на сите пет години од договорот ќе биде обврска на приватниот партнер. Согласно условите на тендерот максимален процент кој може да биде одделен за приватниот парнер е 25,4%. Но со оглед дека овој процент ќе биде предмет на јавното надавање очекуваме тој да е многу помал. Што добива Јавното претпријатие од овој модел? Најсовремен систем за електронска наплата на паркинг простори ставен во комплетна функција, обврската за тековно оддржување и сервисирање ја има некој друг, ги задржува сите вработени на работа дополнително има можност за вработување на нови лица, вработените се безбедби и немаат директен контакт со лицата на кои треба да им наплатат, системот на контрола е на највисоко ниво и најважно паркинзите се во негова сопственост цело време и во текот на петте години додека трае договорот со приватниот парнер оставарува приходи не помали од 75% (процент кој сигурно ќе биде поголем) од вкупните приходи пробирајќи ги сите средства на сопствена сметка а потоа ЈП ќе го трансферира делот за приватниот парнер до него.После петтата година од договорот целокупната опрема преминува во сопственост на ЈП Билјанини извори и мора да биде во исправна состојба во вредност не помала од 1.000.000,00 денари. Дефинитивно сме на ставот дека ова е најдобриот модел кој во себе вклучува најмала инвестиција од јавното претпријатие и најмал ризик што секако во економијата е најважно.

За да можат граѓаните да нарават разлика меѓу овој модел на јавно приватно партнерство и концесијата која што тие ја практикуваа додека беа на власт повторно ќе предочиме некои факти.

Физибилити студијата која ја изработиле во себе содржела податоци за работењето на Јавното прептријатие во месеците Март и Април. Логично е физибилити студија да соддржи комплетни податоци. Согласно истата физибилити студија, во потребна опрема наведени се едни критериуми а самиот оглас е дизајниран по потребите на фирмата која требало да ги добие паркинзите и во него се ставени нови полеснителни услови. Согласно договорот, закупецот бил должен на неопределено време кај себе да вработи 12 лица претходно вработени во ЈП Билјанини извори. Замислете најпрво тие лица работеле во Сузуки фирма која стопанисуваше со паркинзите потоа истите лица ги вработиле во ЈП Билјанини извори од каде согласно договорот Сузуки ги презело но на определено време со што и тука го прекршиле договорот. Исто така поранешниот градоначаник го потпишал договорот за закуп на паркинг просотрите пред да се изјасни комисијата за спроведување на постапка која што тој лично ја именувал. За СДСМ не биле важни ниту препораките на Државната комисија за спречување на корупција која исто така побарала да биде поништена постапката. Поради овие и уште многу други недостатоци, во судска постапка Општина Охрид по доаѓањето на власт на градоначалникот Бакрачески со одлука на Апелациониот суд во Битола ги укина овие догвори како штетни за Општина Охрид.

Во однос на економскиот дел и исплатливоста за Општина Охрид и ЈП Билјанини извори ќе споменеме еден факт. Согласно договор за закуп на паркинг простор бр. 08-977/1 од 01.03.2013 година закупецот имал обрвска на општина Охрид да и исплата сума од 2.010.000,00 денари закупнина годишно за 922 паркинг места колку што предвидел тој договор. Ако ги поделиме овие бројки ќе добиеме закупнина од 2180 денари по паркинг место годишно. Ако пак тоа го поделиме со 50 денари цената на чинење на еден час паркирање ќе добиеме дека за да се исплати годишната закупнина кон општина Охрид на закупецот му биле потребни околу 43 часа паркирање или само три дена. Ги прашуваме господата од СДСМ каде оделе парите од профитот во останатите 362 дена?

Затоа почитувани од СДСМ граѓаните не Ви веруваат и најмалку Вие имате право да зборувате за паркинзите во Охрид. А ние секогаш принципиелно чесно и посветено ќе работиме за доброто на Охрид справувајќи се со сите штети кои останаа од вашето владеење.“