Општина Ѓорче Петров со финансиска донација за санирање на последиците од невремето во Делчево

300.000 денари финансиска помош од Општина Ѓорче Петров за Општина Делчево за санирање на последиците од синоќешното силно невреме, се вели во Фејсбук статусот на градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.

-Солидарност со нашиот народ! Советниците на денешната седница донесоа итна одлука за помош на делчевскиот регион кој беше зафатен од силни врнежни што донесе поплавени подрачја. Општина Ѓорче Петров е првата скопска општина која експресно донесе одлука за помош на погоденото подрачје. Солидарноста е синоним за Ѓорче Петров, а покажувањето хуманост во вакви тешки моменти е големина на големите. Ние сме секогаш на страна на најголемата човечка особина и доблеста на еден поединец или колектив. Без разлика на партиска, верска или било каква друга разлика, во моменти на вакви непогоди, наша морална должност е на било каков начин да им помогнеме на нашите колеги. Благодарност до сите градоначалници и тимови од други општини кои на било каков начин учествуваат во помош на погоденото подрачје, истакна Стојкоски.

Нашата парола е „модерно, урбано и хумано“ и тоа никогаш не смееме да го заборавиме! Додава Стојкоски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.