Општините пумпaат пари во одредени медиумите за да им се покријат промашувањата

Има предност власта пред локалните избори, ама и голем хендикеп поради нереалзирани проекти, лаги, граѓаните се разочарани. Од друга страна власта купува, поткупува, рече Стевче Јакимовски, претседател на ГРОМ на гостувањето на телевизија Алфа на емисијата Заспиј ако можеш.

„Власта не размислува за реални проблеми, туку размислуваат како да ги надмудрат граѓаните само за да останат на власт. Но, по сево ова нема шанса да победат. Еве што направија во Скопје. Немањето идеи резултира со глупости. Најавуваа парк покрај улицата Илинденска, и тоа од 2017 година и нема еден единствен парк“, рече Јакимовски.

Лидерот на ГРОМ се осврна на тоа што градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев платил 50.000 евра на весникот Слободен печат за објавување информации.

„Три милиона денари платени за огласи, а ако се има  предвид дека цела страница во Слободен печат е 3.200 денари, тоа значи околу 2.000 објави треба да има општината, а вработувања нема, тендери нема, а и не мора да ги објавува тендерите, може на сајт да ги објави. Како работи сега општината во стил на полжав, јасно е дека се пумпаат пари во одредени медиуми за претојните избори за да се покријат промашувањата на власта’, рече Јакимовски.