Општинската изборна комисија Гази Баба му го додели уверението за избран градоначалник на Бобан Стефковски

Во 10 часот утринава, Општинската изборна комисија Гази Баба ми го додели уверението за избран градоначалник на Општина Гази Баба, стои во Фејсбук статусот на Бобан Стефковски.

– Се заблагодарив на членовите на Општинската изборна комисија за професионално спроведениот изборен процес за градоначалник на Општина Гази Баба и посакав успешно спроведување и на вториот круг за избор на градоначалник на Град Скопје, пишува тој.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.