Општина Аеродром ќе изработува акциски план за животната средина

Целта на акцискиот план е да овозможи поголема соработка меѓу општините и јавноста, преку спроведување заеднички активности кои се поврзани со животната средина.

-Заедничките активности ќе се однесуваат на организирање заедничка кампања за решавање на одреден еколошки проблем или промоција на одржлив развој, како што се промовирање рурален и еко-туризам, промовирање органска храна, акции за чистење, акции за одржлив транспорт и акции за штедење енергија, информираат од општината.

Инаку, акцискиот план ќе биде изработен заедно со граѓанските организации кои се активни во Општина Аеродром. Освен Аеродром, проектот ќе ги опфати и општините Македонски Брод, Македонска Каменица, Ресен, Струмица и Карпош.