Општина Охрид ги раскина договорите со фирмите на Нефи Усеини

ЈП „Охридски Комуналец“ ги раскина договорите со фирмата Нефи Ик на советникот од ДУИ во Советот на општина Охрид Нефи Усеини.

Одлуката е донесена по препорака на Државната комисија за спречување корупција и мислењето кое таа го испрати до Општина Охрид дека локалната не може да влегува во деловни односи со компанија каде како сопственик се наоѓа член на Советот или е во сопственост на негови блиски лица.

Со компанијата  биле склучени три договори .

Директорот Грданоски вели дека најпроблематично за ЈП е поништувањето на договорот за одржување на депонијата Буково вреден околу 47.000 евра.

Во меѓувреме неизвесна останува состојбата и со  палтформите на угостителските објекти дали ќе се рушат или ќе се заменат со еколошки.Тие од страна на градежните инспектори добија решенија со рок до септември истите да ги отстранат.

Во четврток за кога е закажана седница на Советот на општина Охрид каде ќе биде презентиран акцискиот план за споведување на препораките на Унеско и прогласување мораториум на градежните активности ќе се знае што ќе се случи со платформите долж крајбрежјето од градскиот плоштад па се до Канео.

Градоначалникот Георгиески вели дека сите градби кои добиле решенија ќе се рушат а понатамошните градежните активности ќе зависат од планот за управување со регионот.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.