Ѓорѓиевски: Апсолутно е јасно дека на следните претседателски и парламентарни избори победник е ВМРО-ДПМНЕ

-Често сум меѓу граѓаните и токму граѓаните се оние кои даваат шанса и истата ја земаат и на СДС ќе им биде одземено тоа што им беше дадено 7 години да управуваат со државата, а не покажаа резултати. Најрелевантен извор за тоа да испитате каков е пулсот кај народот е да се прошетате меѓу народот, вели Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на општина Кисела Вода во вечерашното гостување во емисијата Само вистина на Канал 5 телевизија.

Ѓорѓиевски посочи дека граѓаните ќе дадат целосна поддршка на ВМРО-ДПМНЕ на следните претседателски и парламентарни избори.

На прашањето со кој ВМРО-ДПМНЕ ќе коалицира после изборите, Ѓорѓиевски рече дека во јавноста се креира лош впечаток дека ВМРО-ДПМНЕ нема коалициски капацитет, нагласувајќи дека ќе коалицира со политичка партија со која ќе има усогласување на програмските определби.

-Изминатите 2 години се креира некој впечаток во јавноста дека ВМРО-ДПМНЕ нема коалициски капацитет и нема со кого да коалицира, што е апсолутно погрешно. Ние ќе коалицираме со оние политички партии без разлика дали е албанска или турска, со која ќе имаме усогласување на програмските определби. На крајот на денот програмата со која настапуваат политичките партии на изборите, треба да биде содржана со проекти кои што ќе бидат за сите граѓани, изјави Ѓорѓиевски.

-Јас кога правев програма во Кисела Вода не земав предвид дали правам програма за Македонци, Албанци, Турци, Власи, Роми или останати. Кога асфалтирам улица не прашувам дали таму живеат луѓе од СДС, ВМРО-ДПМНЕ или се Македонци или Албанци. Апсолутно е неважно тоа, рече тој.
Ѓорѓиевски смета дека на следните избори граѓаните поддршка ќе дадат на ВМРО-ДПМНЕ бидејќи се разочарани и незадоволни од владата на СДС, која како што рече тој 7 години ништо не направија.

-Апсолутно сум убеден дека пулсот на ВМРО-ДПМНЕ се чувствува се поизразито било каде да прошетате на терен, дали е Скопје, Неготино, Кавадарци, или Охрид, едно исто граѓаните говорат а тоа е дека се целосно незадоволни и разочарани од власта што 7 години им потрошија, а ништо не направија, а второ, дека шанса ќе дадат на ВМРО-ДПМНЕ, програмата и претседателот Мицкоски кој што е претедент да биде премиер, изјави Ѓорѓиевски.

Додаде дека вториот впечаток во јавноста а е погрешен, а тоа е дека СДС била проевропски фронт, а ВМРО-ДПМНЕ антиевропски.

-ВМРО-ДПМНЕ била антиевропски фронт, според мене ова е смешно, бидејќи децата на комунизмот, ја обвинуваат ВМРО-ДПМНЕ која од 90тите години е проевропски настроена дека биле против тоа, а тие биле за. И тоа е апсурд. Единствениот блок кој што од 90титете години па наваму има евроинтеграциски ставови и се бори за влез и интеграција на државата во ЕУ е ВМРО-ДПМНЕ, заклучи тој.