Ѓорѓиевски: Дониравме прехрамбени пакети на 20-тина семејства, а СДСМ сака да се збогати преку новите згради во Расадник

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Обнова на Македонија во во Кисела Вода , по повод “Светскиот ден на сиромаштијата” денеска донираше прехрамбени пакети на 20-тина семејства за да можат да го поминат месецот.

„Посебно сме горди на скромната донација од страна на нашата советничката група за семејството Додевски, каде дониравме лап топ компјутер за нивните дечиња да имаат основни услови за функционирање и вклучување во наставата.

Додека СДСМ сака да се збогати преку новите згради во Расадник, ние континуирано се грижиме за нашите сограѓани.

Мораме заеднички да ги искорениме ектремните форми на сиромаштија. Никој наш сограѓанин не смее да остане без храна, без облека и без покрив над глава“, објави Орце Ѓорѓиевски.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.