21.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Ѓорѓиевски: Го чувствувам пулсот на народот, не се ориентирам спрема анкетите и сум убеден дека ќе победам во првиот круг

„Јас пулсот на народот го чувствувам, не се ориентирам спрема анкетите. Спрема анкетите можеме да добиеме некој ориентир каде сме, каде треба да се движиме и каде да го насочиме нашиот фокус. Но, јас секојдневно сум на средби со граѓаните низ Кисела Вода, гледам во каква состојба живее нашиот народ, моите сограѓани, гледам колку од ветувањата што пред четири години ги испорача Филип Темелковски не се реализирани, и сум повеќе од убеден дека ние ќе победиме во првиот круг“, нагласи Орце Ѓорѓиевски, кандидат за градоначалник на општина Кисела Вода од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Ѓорѓиевски додаде дека тој е убеден во победа уште во првиот круг бидејќи претешко живеат граѓаните поради неспособноста на СДСМ и на Филип Темелковски.

„Нема основни услови за живот, зборуваме за населби каде што имаме проблем со водоводната мрежа, односно немаат граѓаните моите сограѓани вода за пиење, се уште во 21 век живеат граѓаните со септички јами, катастрофална патна инфраструктура имаме во Кисела Вода, над 400 дечиња чекаат да бидат примени во градинките на годишно ниво. Значи зборуваме за едни основни елементарни услови кои што Филип Темелковски не успеа да ги задоволи за нашите сограѓани во изминативе четири години“, појасни Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски посочи дека избегнува да го споменува Филип Темелковски бидејќи тој веќе е завршена приказна за Кисела Вода.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.