Ѓорѓиевски: Градоначалникот Темелковски недомаќински ги троши парите на граѓаните

Денешната моја изјава е одговор на помпезната изјава на господинот Филип Темелковски, градоначалникот во заминување, на којашто имаше собрано неколку свои блиски соработници, луѓе коишто генерално зависат од него и од средствата кои што им ги исплаќа Општина Кисела Вода и имаа цел и задача денеска да го правдаат неговото недомаќинско работење изминативе три ипол години, изјавиза медиумите Орце Ѓорѓиевски, член на Советот на општинта од ВМРО-ДПМНЕ.

„Имено во моментот се наоѓаме на улица Нагоричанска во Драчево, една од улиците која што беше посочена од наша страна како советничка група на ВМРО-ДПМНЕ, и од мене како координатор на советничка група, на минатата седница на советот, како улица што е крајно со несериозен пристап сработена, улица која што може да забележите самите, не само на местово каде што ја давам изјавата, туку и по целата улица доколку се движите за каков квалитет се работи и во каква состојба се наоѓа истата. Имено оваа улица што е реконструирана пред не цели три месеци, во моментов има на секој ќош пукнатини, а од лице место може да видите и која е дебелината на асфалтот кој што е ставен во завршна фаза како завршен слој на оваа улица, истакна тој.

Ѓорѓиевски вели дека залудни се сите обиди да се оправда Темелковски.

„Граѓаните во Кисела Вода добро знаат дека за три ипол години Филип Темелковски не сработи ниту еден капитален проект за нашите сограѓани, а и тоа што го сработи, а се улички како улицата Нагоричанска денеска, е сработено со несоодветен квалитет и недомаќински се потрошени нашите народни пари. Во наредниот период, ние како советничка група, нормално по барање на нашите сограѓани, ќе ги обзнаниме во јавноста сите вакви состојби но ќе обзнаниме доста и од нерегуларностите и потенцијалниот криминал кој што изминатите три и пол години се случува во општина Кисела Вода и затоа ве замолувам како медиуми да не следите во тоа. Време е за совесно работење и водење на нашата општина, и време е сите импровизации како оваа денес за која што говорам, еднаш за секогаш да завршат“, посочи тој.

„На нашите сограѓани им требаат квалитетни капитални проекти, проекти кои што ќе го подобрат живеењето на сите наши сограѓани во Општина Кисела Вода. Што се однесува до фингираните ревизии и испитувања кои што ги прават ќе потенцирам фирми кои што директно зависат од исплаќањата на општината, сакам да потенцирам и да му порачам на градоначалникот во заминување Темелковски, дека вистинската ревизија, вистинските надзори и вистинските испитувања за тоа што се сработило изминатите три и пол години, следи по промената на локалната самоуправа во октомври месец“, додаде Ѓорѓиевски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.