7.8 C
Skopje
четврток, април 25, 2024

Ѓорѓиевски: Многу брзо јавноста ќе дознае за криминалите на Спасовски и на Заев

„Го слушам министерот во заминување Оливер Спасовски како вели дека Катица Јанева уште од јануари му била сомнителна. И да не навлегуваме што со прст немрдна за да го расветли тоа што нему му се чинело сомнително, ќе му порачам две работи: прво, дека многу брзо, по поразот на изборите ќе се дознае што е тоа што е сомнително, и зошто луѓе се носеа во притвор а потоа се ослободуваа, а вистината за сите овие случаи ќе ја види светлината на денот.

И второ, јавноста ќе дознае за коалицијата на Заев, некои членови од раководството на СДСМ, дел од обвинителството,судството и неславното СЈО. Е тогаш ќе се соочите со сето она од што сега бегате а тоа е одговорност.

И да нагласам, нема да ве спасат сите рекетирани пари кои ги спремате за поткуп пред изборите, како и оние квинслинзи кои ви се на дофат а ги хушкате да работат против ВМРО ДПМНЕ. Доаѓа непобедливата волја на народот, кој ќе ја донесе правдата и обновата“, напиша на Фејсбук, Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ.