Ѓорѓиевски: Нема да дозволиме да го загрозите животот на народот само за да ги задоволите болните желби на Заев

Периодот со пандемијата кој се сметаше за ,,пик” не го коментирав, бидејќи јас и моето семејство, како и сите граѓани на Република Македонија, строго и посветено ги почитувавме мерките за заштита од коронавирусот и апелите на здравствените работници за сериозноста од истиот.

Тоа значи неизлегување од дома, без дружење со пријатели и што помал контакт со моите родители.

Држењето до мерките на сите граѓани беше сѐ до моментот кога Филипче, Караџовски и цела Комисија одлучија да одат по паметот на Зоран Заев и прогласат победа над пандемијата, реагира членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски.

Во продолжение ви ја пренесуваме целата објава Ѓорѓиевски.

И сега вие од власта не можете и не смеете да се криете зад народот и да барате вина во него, бидејќи не тој – вие бевте тие кои прогласија победа.

Не ви е крив ниту Наќе Чулев, ниту претседателот Мицкоски што вие сте неспособни, затоа што не тие – вие бевте тие кои вчера голораки и со маска под нос делеа флаери и го поткупуваа народот. Напротив, треба да сте му благодарни што не прифати брзи избори и со тоа го заштити целото население.

Ако Мицкоски и ВМРО се ширачи на корона и се виновни, сега ние ќе бевме во карантин, не врвот на СДСМ.

Логично, нели?

Вие, СДСМ, го ставите цел македонски народ во безизлез, што од пандемијата, што од осиромашување и сега сакате да го носите во смрт само поради спас на вашите фотелји и одговорност преку брзи избори.

Но, одговорност ќе има. Овојпат ќе има.

Сега е време за оставка од целата Комисија за заразни болести и формирање на нов тим од експерти, а не политичари.

Ако сакавте да правите политичар од Караџовски можевте да го ставите на пратеничка листа, а не да прави експерименти врз народот по насока на врвот на партијата.

Ние сакаме избори на кои ќе броиме гласови, а не позитивни тестови на корона.

Разберете дека нема да дозволиме да го загрозите животот на народот само за да ги задоволите болните желби на вашиот лидер Зоран Заев.

На крај, почитувани граѓани на Република Македонија, сакам да ви порачам да се чувате затоа што сме оставени сами на себе и на оваа власт ѝ е приоритет личниот профит, а не ние, народот.

Почитувајте ги мерките затоа што вирусот сѐ уште е присутен и тој не бира вера, нација ниту политичка партија.