Ѓорѓиевски: СДСМ криминална продолжува со коалицијата со мафијата

Ова се кадрите на Спасовски и Славјанка. СДСМ криминална продолжува со коалицијата со мафијата. Љупчо Трајковски – лице кое е главен осомничен во шверц на мигранти, кривично дело против човечноста и меѓународното право од началник на СВР Штип, позиција која ја држи за време на СДСМ е унапреден во советник на директорот на БЈБ, кадар на СДСМ. Тоа е таа мафијашка матрица. Наместо за граѓаните работат за мафијата. Ова ли се кадрите на СДСМ со кои планираат да одат на избори!? Ова се структури чие место им е пред истражните органи, а не во институциите на челни позиции. Заев и СДСМ се виновни за поразите, измамите и криминалите. На 12 април следува одговорност. Заев никогаш повеќе, напиша на својот Фејсбук профил членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.