Ѓорѓиевски со порака до Спасовски: Додека ги броиш заедничките слики со Боки 13, во Македонија се случува хаос

Оливер, додека ги броиш заедничките слики со Боки 13, во Македонија се случува хаос. Полициски службеници седат со криминалци, а во градовите не владее закон, туку анархија.

На пратеник од СДСМ од Кочани се обиделе да му ја киднапираат ќерката, а вчера во Скопје е влезено во стан на пратеничка од власта, која гласаше за колективна амнестија, односно ослободување на околу 1000 криминалци од затворите. Претходно на семејството на сопруга на советник на Заев, чиј брат е претседател на општинската организација и беа запалени два автомобили во Штип.

Настаните се случуваат едно по друго, а вие немате контрола над ситуацијата.

Ова е резултат на вашата коалиција, во која ти и Заев сте од една страна, а криминалците и криминалните групи од друга страна. Ова е резултат на неказнивоста на заменици министри кои газат моторџии и пратеници кои се пријавувани за семејно насилство.

Ова е цената на ослободувањето на над 1000 криминалци од затворите кои хараат низ државата и полицијата не им може ништо бидејќи се во врска со врвот на власта, жртва може да биде секој. Ова е цената на вашите врски со мафијашките структурти.

Министре, додека единствениот фокус ти е преземање на фотељата на Заев, цела Македонија ни тоне во криминал.

Ти и твоите соработници сте неспособни да се грижите за безбедноста на граѓаните и државата. Ќе останеш запаметен како најлошиот и најнеспособниот министер за внатрешни работи и доколку имаш доблест целосно ќе се повлечеш од политиката.

По 12 април Македонија ќе биде држава во која безбедноста ќе биде на високо ниво, а јавниот ред и мир загарантирани, напиша на Фејсбук, Орце Ѓорѓиевски, од ВМРО-ДПМНЕ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.