Ѓорѓиевски вели Темелковски призна дека правел криминал и за ова ќе мора да одговара!

Денеска, во утринските часови од 07:00 Темелковски паркирал градежни машини да ја прекопаат улицата „Нагоричанска“ во Драчево, каде што јавно извадив докази дека е направен криминал од страна на општината и улицата е асфалтирана надвор од стандардите, односно украдени се пари, истакнува Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Со ова Темелковски призна дека правел криминал со оваа улица и дека практично сака да го прикрие криминалот што го направил.

Штета што не му успеа да не го фатиме. Го фативме жив во криминал заедно со овие чесни и мирни граѓани од Кисела Вода.

Апелирам веднаш да прекине градежниот зафат на оваа улица и да дојдат вештаци и да извршат вештачење.

Темелковски за ова мора и ќе одговара, а парите ќе ги врати по секоја цена кај граѓаните.

Темелковски е завршена приказна веќе и треба уште да го исчистиме криминалот. Тоа го заслужуваат граѓаните“, истакна тој.

Видеото од неговото обраќање погледнете го ТУКА