Ѓорѓиевски: Заев ги поткупува гласачите и го загрозува здравјето на граѓаните

Целата јавност пред неколку дена имаше шанса да го види она што Заев со години го правеше најпрвин како пратеник па како градоначалник на Струмица, а потоа како премиер, масовен поткуп на гласачи со цел да ја спаси својата политичка кариера. И додека неговите мегафони гласно го бранеа во медиумите, видеото за само неколку часа беше отстрането од страна на активистот на СДСМ кој го објави. Ова е доволен доказ дека на видеото се случуваат незаконски дејствија обвинува Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Неговиот Фејсбук статус следува во продолжение:

Не само што Заев ги поткупува гласачите, тој го загрозува здравјето на сопствените активисти и остнанатите граѓани. Видовме како 10-тици граѓани се на мал простор без потребното растојание од 2 метри, тие не носеа ниту маски, ниту ракавици, важно списоци кои треба да се поткупи имаше.

Ова веќе не поминува, Струмичани како и сите граѓани се изневерени од страна на Заев и СДСМ. Листата на неостварени ветувања е долга колку што беше долг оној памфлет наречен програма „За живот“. Просечната плата во Македонија никогаш не ја достигна цифрата од 500-тини евра, никогаш не беа изградени 500 километри, автопат, Заев на сопствените граѓани им сервираше само порази, рекет, криминал и корупција. Неговото време е завршено, тој е прочитан од граѓаните, доаѓа времето на обновата, обновата на Македонија.