Џорџ Клуни ги повикува Американците да го симнат Трамп од власт

Холивудскиот актер Џорџ Клуни ги повика граѓаните на САД да го симнат Доналд Трамп од претседателската функција. Како што објави „Гардијан“, тој ја повикал американската јавност итно да реагира против расната пандемија во САД, осврнувајќи се на случајот со убиениот Џорџ Флојд.

– Нема сомнеж дека Флојд е убиен. Сите видовме како го зема последниот здив – рекол Клуни и ја пофалил реакцијата на милионите луѓе во Америка кои учествуваат во протестите.

Тој вели дека не се знае кога протестите ќе престанат.

– Се надеваме дека никој повеќе нема да биде убиен, но знаеме дека работите барем малку ќе се променат. Бесот на луѓето кои во моментов е присутен е само е доказ за малиот напредок на земјата во однос на робовладетелството. Ова е наша пандемија. Таа нè инфицира сите нас и за наредните 400 години нема да пронајдеме лек – истакнал актерот.

Клуни додал дека на Америка ѝ се потребни политичари кои ќе ги третираат еднакво американските граѓани.

– Не ни се потребни лидери кои поддржуваат омраза и насилство. Во оваа земја постои само еден начин за трајни промени, а тоа е гласањето на избори – рекол Клуни.