6.8 C
Skopje
четврток, април 18, 2024

Џорџ Клуни итно префрлен во болница

Докторите му дијагностицирале воспаление на панкреасот, што може да биде опасно по живот.

На само четири дена пред да почне со работа на новиот филм „The Midnight Sky“ актерот Џорџ Клуни итно е префрлен во болница со силни болки во стомакот, пишува „Мирор“.

Клуни изгубил речиси 13 колограми поради улогата во филмот. Се верува дека диетата допринела за неговата болест.

„Мислам дека премногу се трудев за брзо да ослабнам и веројатно не сум се грижел добро за себе“, рекол Клуни.

Освен што изгубил килограми за улогата, преставал и да се бричи.