Оралниот лек на „Merck“ против Covid-19 покажува охрабрувачки резултати

Фрамацевтскиот гигант „Merck“ и американската лабораторија „Ridgeback Biotherapeutics“ објавија во саботата напредок во испитувањето на оралниот лек против Covid-19, антивирусен препарат кој позитивно влијае врз намалувањето на вирусното оптоварување на организмот.

„Бидејќи постои потребата од антивирусно лекување на заразата со SARS-CoV-2, нѐ охрабруваат овие прелиминарни резултати“, се наведува во писмената изјава Венди Пејнтер, висока функционерка во „Ridgeback Biotherapeutics“.

Кон крајот на јануар во „Merck“ ја прекинаа работата на две потенцијални вакцини против Covid-19, но продолжува со истражувањата на два лека против оваа болест, вклучително и „молнупиравир“, развиен со американската компанија „Ridgeback Biotherapeutics“.

Лекот значително го намалил вирусното оптоварување кај пациентите по пет дена од лекувањато, наведе компанијата во саботата на состанокот за стручњаците за заразни болести.

Втората фаза на тестирањата е спроведена на 202 пациенти кои не биле хоспитализирани, а имаат симптоми на Covid-19.

Лековите против грипот како што се „оселтамивир“ (Тамифлу) и „занамивир“ (Реленца) понекогаш се препишуваат против сезонскиот грип, а сега се прават обиди да се најде лек против Covid-19.

„Ветувачки се резултатите од ова истражување, особено при брзото намалување на вирусното оптоварување на лицата кои имаат Covid-19 во почетната фаза и кои примиле ‘молнупиравир’“, тврди Вилијам Фишер, еден од директорите за истражувања и професор по медицина на Универзитетот Северна Каролина. Во „Merck“ работата и на лекот под ознаката „MK-711“ и првичните резултати од кличничките испитувања покажуваат дек за повеќе од 50 отсто го намалил ризик од смртен исход или затајување на дишниот систем кај хоспитализираните пациенти со умерена или тешка фора на Covid-19, објави компанијата кон крајот на јануари.